Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Јавна општинска установа детска градинка “11 Октомври” (во натамошниот текст: ЈОУДГ „11 Октомври“), со седиште на ул. 2-ра Македонска бригада б.б. 1010 Скопје, Република Северна Македонија.
ЈОУДГ „11 Октомври“ е установа посветена на заштитата на обработката на личните податоци и приватноста на физичките лица.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Изјава за приватност
ЈОУДГ „11 Октомври“ ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на Законот за заштита на личните податоци и подзаконската регулатива. На веб-страницата на ЈОУДГ „11 Октомври“ се објавуваат фотографии само со согласност од субјектот на личните податоци. Оваа изјава за приватност е со цел да Ве информира за видот на информациите коишто ЈОУДГ „11 Октомври“ ги прибира преку својата веб-страница и за што се користат овие информации.

Податоци за посетителите

Веб-серверот на ЈОУДГ „11 Октомври“ ги меморира информациите за сесијата како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, ИП-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе ѝ овозможат на ЈОУДГ „11 Октомври“ да ја подобри својата веб-страница.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна https://11oktomvri.edu.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
  • Корисници на контакт формата – лични податоци кои корисниците ги оставаат при поставување на прашање и/или испраќање на пораки до ЈОУДГ „11 Октомври“.

Колачиња (Cookies)

На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Повеќе информации за нашата Политика за користење на колачиња може да добиете на линкот тука.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот email: [email protected]
  • преку пошта,
  • усмено.

За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во ЈОУДГ „11 Октомври“, кое го составило записникот и заведено во архивата на ЈОУДГ „11 Октомври“.

Категориите на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на ЈОУДГ „11 Октомври“, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ЈОУДГ „11 Октомври“ ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на ЈОУДГ „11 Октомври“ и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.

По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на АЗЛП.

Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на линкот тука.

Право на поднесување на барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој ЈОУДГ „11 Октомври“ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Последно обновено (11.02.2021)