ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ДЕЦАТА ДА СЕ СПРАВАТ СО СТРЕСОТ

ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ДЕЦАТА ДА СЕ СПРАВАТ СО СТРЕСОТ

Ви благодарам што имате мудрост да го прочитате овој натпис. Веројатно препознавате дека големата епидемија на стрес ги зафаќа и нашите деца.

Стресот се појавува и на места кои некогаш беа безбедни места за децата: на игралиштата, во спортовите, во градинките, училиштата… дури и бучавата од живеење е стресна.

Тој доаѓа од нашите играчки и алатки: ТВ приемници, компјутери, видео-игри, музика… Во ова модерно време стресот е производ на 3 работи: нашето опкружување, нашите односи и изборите што ги правиме.

Стресот ги прави децата да се чуствуваат небезбедни.

Од нас зависи дали нашите деца ќе пораснат во здрави личности. Наша намера е да ги зајакнеме внатрешните ресурси кај децата за да се справат со стресот. Децата мора да научат да ги регулираат сопствените емотивни одговори и да развијат еластични ставови.

Основна карактеристика на стресот е неможност на телото и умот да се интегрираат со стресорите.

Интеграција со стресорите значи постигнување на напредок во индивидуалниот развој, повисок степен на зрелост на личноста на детето или подобро запознавање на себе си и светот околу себе. Успешниот излез од стресната ситуација мора да биде означен со прогрес во развојот.

Што е ефективно справување со стресот?

Справувањето со стресот е тековен процес на учење за прилагодување и интегрирање кон она што му е представено на телото и умот. Детето учи да стекнува компетенции користејки саморесурси. Доколку стресот ги надминува можностите на детето за справување со него, тука се возрасните да му помогнат. Ако децата не можат да ги контролираат овие симптоми и сигнали, можеме да им помогнеме да ги компензираат и да најдат поинаков начин за интегрирање и користење на информации.

Справувањето е способност на детето намерно да одговори на стресот, траума, вознемиреност или друг надворешен влијателен настан.

Вештините за справување имаат тенденција да спаѓаат во две категории и зависат од тоа дали детето може активно да се вклучи во ситуацијата на справување со стрес или не. Активно ангажирање во ситуацијата може да вклучува соочување со ситуацијата, набудување на состојбата, собирање информации, барање одговори, генерирање на можности или барање поддршка и утеха.

Не можејќи активно да се вклучи во разрешување на ситуацијата значи избегнување на дадена ситуација, негирање на тоа што се случува, иземање од дадена ситуација.

Ефективната сложена интеграција на детето доведува до развој на компетентност, што е способност, особина или ресурси за кои детето е умешно.

kako da se spravite so stresot kaj decata

Од моментот кога нашето дете ќе се соочи со некој за него доволно јак животен настан, пред себе, како родители, треба да си поставиме и решиме неколку задачи за да ја сочуваме неговата соматска и психичка рамнотежа односно да го сочуваме неговото здравје. Како родители треба:

1. Да воспоставиме емотивни врски и допир:

Здрава животна средина го поддржува растот и способноста на детето да се врзува со значајни возрасни преку допирање и моќни чувства како емпатија и прифаќање. Основна задача на родителите/старателите е да изградат базична доверба која е темел на подоцнешно самоприфаќање, љубов према другите и темал на надеж. Ваквите чуства се формираат пред се под влијание на топол однос со мајчински грижливите родители. Доколку ваквиот однос не е задоволувачки, се гради недоверба која го одбележува понатамошниот пат на развој на идентитетот. Преку допир, ги учиме децата да веруваат во сопствените чуства и пораките кои тие ги испраќаат на телото.

2. Обезбедување на ментална енергија

Честопати, кај некои деца во стресни ситуации,умот има тенденција да се поларизира на два главни модели на однесување:

1. Да со умот се отпатува некаде, да се отиде на друго место и

2. Да умот биде исполнет со фантазија – пр. невидливи пријателчиња кои се само за него познати и со нив комуницира, тие му помагаат да се справи со неговата реалност.

Тој простор исто така може да биде небезбеден ако се чувствува мрачен, злобен или исполнет со чудовишта.
Овие „простори“ во психата се нормални под стресни услови. Детските умови се обидуваат да се заштитат од повреди, болка или траума. Честопати кај децата се јавува и негативен самоговор, грижа и чуство на вина.

Започнете веднаш комуникација со вашето дете. Вашето внимателно и емпатичко слушање има огромен заздравувачки потенцијал. Активноста на слушање дава поддршка. Внимателното слушање на детето , тонот на гласот и зборовите ви даваат индиции за тоа дали допир на рамото или смирувачка масажа на вратот би ги смирила умот и телото. Кога децата зборуваат за нештата, тие често можат да ги најдат своите сопствени решенија без да ги поправите работите за нив.

Кажете им дека вие сте сега тука и ќе се грижите за нив. Дозволете им да ги опишат чуствата, мислите, сензациите и перцепциите. Раскажувањето на приказни многу помага тука. Поставувајте прашања со цел да го насочите вниманието “овде и сега“. Честопати поставувањето на прашања генерира решенија и укажува на силните страни на детето.

Смејте се, танцувајте, прошетајте,сликајте, моделирајте, дишете длабоко за да се опуштите. Кога телото ќе го промени тежиштето/фокусот, умот ќе го следи. Ако на умот му треба логика и план за акција, тогаш помогнете им на децата да преземат попис на нивните ресурси за да се справат со ситуацијата. Инвентар може да вклучува:

  • внатрешни ресурси на детето,
  • позитивен самоговор што го поддржува заздравувањето или доведува до превземање на акција- самоговорот помага да децата размислуваат и зборуваат за проблемот. Самоговорот е сидро за умот и одлична вештина за справување со проблемот. Тоа може да им помогне на децата и возрасните да го регулираат размислувањето и да обезбедат медиум за генерирање одговори и веројатности,
  • надворешни ресурси на детето,
  • план за акција,
  • табела за напредок,
  • заеднички да измислите приказна со цел да се инспирира умот,
  • дишење и медитација со цел да се смири умот,
  • читање на приказни со херои и хероини кои се соочуваат со невоља/проблем и на тој начин ги инспирираат децата да истраат во решавањето на проблемот,
  • драматизации на приказни,
  • воведување на хумор – на пр. гледање на смешни филмови…

3.Обезбедување на емоционална рамнотежа и флексибилно управување со емоциите:

Емоционалното учење бара длабока промена и ослабување на постојната навика и заменување со подобра.

Како функционира ова?

Кога им помагате на децата да научат нови начини да се интегрираат емоционално, би ги научиле со позитивно однесување да го заменат негативното однесување. Наместо да избегнеме одредена стресна ситуација ние ќе му помогнеме на детето како безбедно да пристапат во разрешувањето на ситуацијата. Го моделираме управувањето со реакции.

Секој мал чин со кој ја потврдуваме вредноста на другата особа придонесуваа таа да се чуствува сакано и да се развива на подобро.

4. Социјална самодоверба:

Помогнете им на децата да се справат со стресот и траумата, да ја задоволат желба за пријатели, за социјално прифаќање и на крајот за активно учество во група или поголема заедница.

Социјалната поддршка за време на неволја нуди моќ и чувство на стабилност. Појавата на самодоверба е деликатна, но клучна фаза на развој за деца. Таа му овозможува на детето да развива компетентност во интерперсоналните вештини и емпатија за ефективни одговори на справување со ситуација. Самопочитта е камен темелник за успех. Исто така, децата со здрава самодоверба подобро се справат со неволјите. Дали децата ќе се почитуваат себе си и ќе бидат сигурни во себе зависи од пораките кои возрасните им ги упатуваат секојдневно. Децата им требаат пофалби. Доколку детето не слушне охрабрување и позитивни фрази уште од самиот почеток, тогаш какви слики ќе има тој за себе си?

И за крај:

  • Кога децата се под стрес помогнете им да размислат што е важно за нив, помогнете им да го идентификуваат проблемот;
  • Нека размислуваат преку опции;
  • Побарајте од нив да идентификуваат последици;
  • Слушајте ги внимателно без да се обидете да ги поправите;
  • Ценете ги нивните интереси и напори;
  • Бидете оптимист. Помогнете им да се справат со поразот;
  • Бидете реалист. Помогнете им да се справат со ситуации реалистично;
  • Бидете родител со срце. Научете ги емпатија.

Психолог,
Радослава Спасовска