Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПОДВИЖНА ИГРА „ПРЕНЕСИ ГИ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ЈАЈЦА“
Цели на оваа активност се:
- оспособување на детето да ги контролира деловите на телото,
- воспоставување на координација на движењата,
- внимателно движење во просторот без удирање на други објекти
- покажува и именува пластели (тесто) како и воочување на останатите впечатоци при манипулирање со него, покажува иницијатива за обликување.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- тесто или пластелин,
- лажица,
- влошка за јајца.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 2 до 3 години.

Разговарајте со децата и запознајте ги со традицијата дека пред празникот Велигден традиционално се бојат јајца и се разменуваат со најблиските другарчиња, роднини…
Во таа прилика понудете му пластелин или тесто и покажете му како да направи велегденски јајца.
Направените велигденски јајца ги ставаме во влошката за јајца.

На детето му даваме лажица и му посочуваме да стави едно во лажицата и без да му падне да го пренесе до другата празна влошка за јајца ставена на другиот крај од собата.

- Во играта можат да се вклучат и родителите и да излезе како натреварувачка игра ,,кој повеќе ќе пренесе велигденски јајца без да паднат,
- По завршувањето на денешната активност понудете му да детето направените јајца да ги стави во корпа за јаца и да ги декорира со тревичка,
- Игра „Што недостига во низата“-игра меморија. Ставете пред детето 3 различни јајца од пластелиот едно до друго (црвено, жолто, сино) дозволете да ги види и меморира а потоа тргнете едно без да ве види детето и тоа треба да погоди кое јајце недостасува во низата.
Со овие активности се развива компентенцијата и самодовербата во вештините на ситната и крупната моторика.
Овие активности овозможуваат децата да ги поттикнеме на упорност, посветеност и истрајност при реализирањето на активностите.
Се надевам дека сте задоволни од нашиот избор на активности за Вашето дете.