Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ВЕЖБАМЕ – РАСТЕМЕ – ПОДВИЖНА ИГРА ДЕН И НОЌ
Цели на оваа активност се:
- Да спортуваме, да се движиме на чист воздух,
- Воочување на промените на ден и ноќ,
- Поттикнување на љубопитност, креативност и иницијативност.
Стандарди
- Детето може да ги контролира деловите на телото
- Детето може да ракува со играчки и разни предмети за општа употреба.
- Детето може да зборува и комуницира.
Потребен материјал:
- темперни бои,
- четка,
- пластичен тањир.
Се започнува разговор за тоа што правиме преку ден, а што преку ноќ. Преку ден одете со детето на прошетка во блискиот парк, на лулашки, на планина, гледајте и уживајте во сонцето.
Кога е ноќ може да читате или раскажувате заедно со вашето дете некоја приказна и да се подготвувате за спиење.
Може да демонстрирате слики од сонце и така да му претставите поим за ден и слика со месечина и ѕвезди -ноќ.
Доколку сте на место каде има снег убаво е да уживате во убавините на снегот преку ден да правите снешко или во ноќта.
Во домот може да ја играте играта Ден и Ноќ .Кога е ден ќе застанете исправени ,а ноќ ќе клекнете долу. Играта буди позитивни емоции кај детето.
Нацртајте сонце и обојте го со темперни бои или изработите го од пластично тањирче и жолта хартија во боја.
Може на црна подлога да ја претставите месечината и ѕвездите и да креирате снешковци.
Играјте и забавувајте се со вашите деца, да ве почуствуваат низ игра со која ќе ја поттикнете нивната самодоверба и задоволство што заедно го поминувате времето во љубов, работа и игра.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА