Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПИСМО ДО БАБА
Цели на оваа активност се:
- Воведување на децата во графичка писменост, осознавање дека идеите, пораките графички се претставуваат.
- Поттикнување на развој на фината моторика и воспоставување на контрола на движење на дланки и прсти.
- Стекнување на самодоверба и сигурност во ракување со средства.
Потребен материјал:
- Писмо, плик
- Лист хартија
- Прибор за пишување и цртање
- Ножички
- Лепило
- Серија слики
Активноста започнете ја со разговор со Вашите деца како порано се пренесувале пораки. Покажете му по можност некое писмо кое сте го добиле порано и сте го сочувале.
Објаснете им на децата дека кажаните зборови, пораки, можат графички да се напишат од возрасен. Прашајте го вашето дете што сака да напише, исто така и другите членови од семејството да ги кажат своите пораки. Писмото напиши го на својата баба, дедо, близок пријател. Поттикнете го детето да нацрта некоја порака на истиот лист хартија.
Листот ставете го заедно во плик.
Пликото однесете го во пошта, или ставете го во поштенско сандаче.
Можете и сами да направите плико од лист хартија.
Лицето до кого е испратено писмото ќе го прочита и ќе дознае што сме сакале да му кажеме.
Сигурно некого многу ќе го израдувате кога поштарот ќе му го донесе писмото дома.
Разговарајте дека денес многу ретко се праќаат писма. Луѓето контактираат преку телефон или интернет .
По завршувањето на оваа активност разгледајте ги понудетите серија слики со Вашете деца, обидете се сами да составите приказна со понудените слики.
Со оваа активност ќе се развие љубопитноста и креативноста кај децата. Јакнење на моториката кај децата.
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности а Вашите деца стекна сознанија за комуникацијата во минатото за писмата пишувањето и праќето на истите.
Во интерес на Вашите деца е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА