Пилиња од шишарки

Пилиња од шишарки

 

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПИЛИЊА ОД ШИШАРКИ

Цели на оваа активност се:

  • Активирање на моторните способности на децата,
  • Активирање на детската фантазија,
  • Стекнување сознание за функцијата на моторни вештини кај децата.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Пластелин,
  • Шишарки,
  • Лепило,
  • Темперни бои (жолта),
  • Очиња,
  • Хартија во боја.

Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.

  • Земаме една шишарка,
  • Најпрво ја боиме шишарката во жолта боја,
  • Додека се суши бојата од шишарката правиме топче во форма на глава од пластелин,
  • На главата ги лепиме очињата и од хартија правиме клунче,
  • Готовата глава на пилето ја лепиме на исушената шишарка,
  • На крај правиме ножиња и нив ги лепиме на долниот дел од шишарката.

Реализацијата на активностата може да ја погледнете на следната слика,

Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашето детето. Исто така се јакне фината моторика кај детето.

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а Вашето дете стекна сознанија за претстојниот христијански празник Велигден.

Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.