Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПЕСНА ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ
Цели на оваа активност се:
- Интуинтивно одредување на карактерот на музиката.
- Интерес за дослушување на музиката до крај.
- Стекнување сознанија за сопствениот град.
- Позитивен однос,љубов и грижа кон него.
- Сигурност и контрола на движењата на раката при правилно користење на приборот за работа.
- Негување на чувството на припадност на одредена средина.
Потребни материјали:
- Слики и разгледници за градот Скопје,
- лепак,
- ножици,
- бели работни листови
Со децата во домашни услови можете да започнете разговор за градот Скопје, за неговите убавини. Можете да искористите и некоја книга или сликовница за градот, децата гледаат во нив, тие препознаваат, именуваат тоа што го забележуваат на сликите. Оставете детето слободно да се изразува.
Откако ќе завршите со разговорот земате бел работен лист и детето на него сече и лепи слики за градот Скопје, тоа детето треба да го прави самостојно, и секако на крајот треба да го пофалите за да ја зајакнете неговата самодоверба.
Следно со детето можете да ја слушате песната „Мојот град е Скопје,“ и заедно да играте во ритам.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.