Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПЕСНА – ВЕЖБАЊЕ
Цели на оваа активност се:
- Детето да изведува движења ускладени со барањата на текстот во музиката и барањата на кореографијата.
- Кординирано движење во ритмот на музиката.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Интернет, видео запис од песната Вежбање од YouTube.com:
- https://www.youtube.com/watch?v=4vMuc7BOdGI

Со детето започнете разговор и побарајте да ви опише која игра му е најомилена кога игра надвор со своите другарчиња. Објаснете му на детето колку е битна играта и дружењето како и престојот на воздух.
Секое дете има право да се забавува игра а доколку сака и има можност може и да тренира некој спорт. Физичката активност е многу значајна за детето, преку неа се развива координацијата на движењето како и способноста за ориентација во просторот.
Заедно со детето погледнете го видеото за песната “Вежбање“ на дадениот линк.

Слушајте ги внимателно зборовите и поттикнете го детето да се движи во ритмот на музиката по дадената кореографија. За да детето ја научи кореографијата и движењето по ритмот на музиката потребно е повеќе пати да ја гледа кореографијата и да ја слуша песната.
Со ваша помош детето може бргу да ја совлада кореографијата и да ја научи песната. Детето ќе се забавува додека танцува и пее.
Преку оваа активност кај детето се поттикнува и развива самодовербата, координираното движење и музичкиот слух.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА