Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПЕЧАТЕЊЕ ТОПКА
Цели на оваа активност се:
- Поттикнување на способностите за воочување и именување на геометриските форми (топка).
- Разликување и именување основни бои (црвена).
- Развивање спретност во ракување со печат.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Топка
- Темперни бои
- Бел лист хартија
- Балон
- Тапа
- Капаче од крема.
Активноста започнете ја со разговор со Вашето дете за топката, во текот на самиот разговор акцент ставете на формата, бојата, особеностите на топката(се тркала,скока,тркалезна).
- По разговорот понудетему на Вашето дете да си поигра со балон. Во текот на играта разговарајте за изгледот , формата , бојата на самиот балон(кружна форма,скока ,
се тркала.

- Откако ќе завршите со играта испечатете своја топка со помош на балон, капаче од крема со рамно дно тапа…
- Во плиток сад со темперна боја потопете го балонот или капачето од крема и откако ќе се исцеди со него на бел лист хартија печатите топки со вашето дете. Откао добро ќе се исуши бојата можете со прстето на детето да поминете по ивицата на топките.
Со оглед на возраста на детето ќе му биде потребана Вашата помош.

Со помош на овие активности се развива љубопитноста и креативноста кај детето. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста.
Се надеваме дека ви се допадна денешната активност, а Вашето дете стекна сознанија за геометриска форма-топка.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.