Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПЕЧАТЕЊЕ СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Цел на активноста
- Да се поттикне интерес за учество во ликовни активности преку користење на разни форми на ликовно изразување; Развој на фината моторика и манипулативните вештини со дланките и прстите.
Потребен материјал:
- Овошје и зеленчук, нож, четка за боење, темперни бои, хартија за цртање.
Разговарајте со детето и потсетете го за хранливоста на овошјето и зеленчукот, како и потребата редовно да бидат застапени во нашата исхрана. Посочете им дека заедно ќе го истражувате овошјето и зеленчукот.
Најпрво ќе го исечете овошјето и зеленчукот на половина , а потоа ќе разговарате за нивната внатрешност. Поттикнете го детето да го именува опишува и споредува овошјето и зеленчукот. Потоа охрабрете го детето да започне со нанесување на боја на овошјето и зеленчукот и да креира различни отпечатоци на хартија. Побарајте од него да ви идентификува кои отпечатоци се направени од овошје а кои од зеленчук.
Можете да исцртате разни форми на тврди зеленчуци и овошја да ги обликувате со нож, детето на нив, со четка, нека нанесува боја и самостојно печати на лист хартија. Детето ќе се забавува со печатење на разни форми кои можат да ги комбинира и да создаде интересни слики. Оставете го детето да ги истражува отпечатоците и да експериментира со боите правејќи убави уметнички слики.
Искористетте го зелечнукот и овошјето кое веќе го имате во вашиот фрижидер, бидете креативни и вешти.
Уживајте во заедничките активности
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.