Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
Печатење со дланка и стапало
Цели на оваа активност се:
- Запознавање и осознавање на децата со различни техники на печатење односно печатење со дланка и стапало се со цел добивање на животни кои се дел од одбележувањето на претстојните велигденски празници (кокошка и зајче)
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- темперни боички,
- четка,
- вода,
- листови хартија,
- детските дланки и
- стапала.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.
Разговарајте со децата за техниката на печатење со дланка и стапало, објаснете им ја постапката односно текот на активноста се со цел успешна изработка на истата.
Избројте ги детските дланки и стапала со боја која децата сами ќе ја одберат, стиснете ја дланката односно стапалото на лист хартија за тие подобро да се испечатат, потоа отстранете ги дланките односно стапалата од листот и оставете отпечатоците да се исушат.
Откако отпечатоците ќе се исушат со четка и бои ги доцртуваме останатите делови од телото на животните за да добиеме целосна слика од животните (кокошка, зајче).
Со реализација на оваа активност децата се запознаа и осознаа со нов начин на употреба на своите дланки и стапала, се со цел добивање на креативни изработки.
Се надеваме дека денешнава понудена активност ви се допадна .