Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ПЕЧАТЕЊЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИ МОТИВ СО СУНЃЕР
Цели на оваа активност се:
- Активирање на моторните способности на децата,
- Активирање на детската фантазија,
- Стекнување сознание за функцијата на моторни вештини кај децата.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Сунгерчиња,
- Бела хартија,
- Ножички,
- Палета,
- Темперни бои.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.
- Најпрво земете две сунгерчиња и направете од нив форма на зајаче и на морков,
- Во една палета ставаме темперни бои (Виолетова, сина, сива за зајачето и портокалова за морковот),
- Готовата форма од сунгерчето на зајаче ја ставаме во (виолетовата) боја и таа ја аплицираме на бела хартија,
- Постапката се повторува неколку пати наизменично на истиот лист.
Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај вашето детето. Исто така се јакнење на фината моторика кај детето.
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а Вашето дете стекна сознанија за претстојниот христијански празник Велигден.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.