Пакување на подароци- Среќен роденден Градинке

Пакување на подароци- Среќен роденден Градинке

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ПАКУВАЊЕ НА ПОДАРОЦИ-
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГРАДИНКЕ

Цели на оваа активност се:

  • Развивање на сетилната перцепција,
  • осознавање на начинот на изработка на роденденска кутија

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Картонска кутија
  • Монистри, копченца, машнички
  • Ликовен прибор(восочни или дрвени боици, фломастери)
  • Листови во боја
  • Украсна хартија
  • слики.

Активноста започнете ја со разговор со Вашето дете за родендените, кога славиме роденден , зошто го славиме роденденот и на кој начин ја организираме прославата за роденденот, кој се слави роденден (тато, мама, другарчето, миленичето, градинката, татковината).

Откако ќе завршиме со разговорот поттикнете го детето да изработи роденденска кутија во која ќе го стави подарокот наменет за роденденот на нашата градинка.

За изработка на роденденската кутија потребно ви е картонска кутија која ви се наоѓа во домот може да биде кутија од обувки, или некоја друга картонска кутија. Истата кутија обложете ја со украсна хартија ,целофан или пак листови во боја.

Откако ќе ја обложите кутијата можете да ја украсите ,украсувањето нека биде по желба на Вашето дете.

Откако ќе завршиме со пакувањето и украсувањето на роденденската кутија  понудете му на вашето дете да нацрта нешто по своја желба и истиот цртеж ќе го стави во роденденската кутија –тој цртеж ќе биде подарок за роденденот на нашата градинка.

Додека цртаме можеме малку да се забавуваме .

Од оваа активност се надевам детето ке добие основни знаења за изработка на роденденската кутија, а со тоа ќе се овозможи и зголемување на детската љубопитност ,како и значењето на роденденот на секое дете.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.