Овошје Видови Здрави Навики

Овошје Видови Здрави Навики

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

 ОВОШЈЕ ВИДОВИ ЗДРАВИ НАВИКИ

Цели на оваа активност се:

  • Перцептивно искуство и развој на фината моторика

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Сложувалка,сликовници,пластични видови на овошје и зленчук

Доколку сакате да стекнете здрави навики кај вашето дете а секако дека тоа го правите секојдневно овој пат пробајте преку неколку домашни активности односно учење низ игра. За таа цел ви ја препорачуваме дидактичката игра здрава и нездрава храна. Исечете нацртајте испринтајте неколку видови на здрава храна (овошје, зеленчук, готвена здрава храна како и неколку продукти од брзата исхрана, чоколади, чипс итн). Измешајте ги сите заедно и оставете му на детето да ги одвои на две страни овошјето и зеленчукот од оние кои спаѓаат во нездрави навики во исхраната.

Како втора игра која исто така може да послужи при утврдување на стекнатите информации секако е редење на сложувалки со каков било мотив од храна.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА