Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЈАДИ ЗЕЛЕНЧУК ЗА ДА БИДЕШ ЗДРАВ
Цели на оваа активност се:
- Запознавање со овошјето во есен,
- придобивки од консумирањето на овошје,
- поттикнување на креативност во секојдневните активности,
- негување на позитивен однос кој здравата храна,
- стекнување на здрави навики
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Сезонско овошје, прибор од кујна
Започнете ја активноста преку разговор со вашето дете за важноста за внесување на овошјето во секојдневната исхрана, кои се придобивките ако јадеме овошје кои витамини ги содржи секое овошје, кои овошја се застапени во есен најмногу. Подгответе вкусен и здрав оброк на креативен начин, измешајте различно овошје направете овошна салата, измислете некој лик од цртаните и направете облик од кришки со портокал, круши, јаболко во чинија, поттикнете го дететето да ја изрази својата креативност а притоа да научи за важноста за јадењето на овошје
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.