С.С. Осаменото  Дрво

С.С. Осаменото Дрво

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

С.С. ОСАМЕНОТО ДРВО

Цели на оваа активност се:

  • Внимателно слушање на приказната и идентификување на зборовите добро, лошо односно означување на добрите и лошите постапки.

Потребни материјали:

  • С.С „Осаменото дрво„
  • Еко знаци
  • Дрвени боички

Активноста ќе ја започнеме со разговор преку кој децата ќе го осознаат големото значење на природата по здравјето на човекот.

Потоа ќе следува  раскажување  на С.С „Осаменото дрво. Децата ќе препознаат дека се зборува за едно  тажно дрвце , чии ливчиња се  опаднати  и во негова околина  нема друго дрвце, а едно  вредно  детенце ќе засади  друго младо дрвце до него. И така старото дрвце  нема  да е повеќе тажно и во негова близина  ќе постави  еко –знаци  за забрането сечење на дрва  и корпа во која ќе се фрлаат отпадоците.

По раскажувањето на приказната преку кратки потпрашања  ќе ја повторите  приказната за да утврдиме колку децата ја разбрале  содржината на приказната.

По завршувањето на оваа активност ако сте во можност испринтајте му на Вашето дете некој од понудените цртежи истите да ги обои.

Или пак понудетему на Вашето дете да нацрта дрво заедно со еко – знаците

Со реализација на овие активности ќе поттикнеме кај децата да стекнуваат навика да слушаат додека им читаме, да дават одговор на соодветно прашање кое ќе им го поставиме. Со овие активности се развива и љубопитноста, посветеноста и креативноста ка децата.

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а Вашите деца стекнаа сознанија за природата како да се однесуваме за да ја зачуваме, (добри и лоши постапки).

Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.