Одбележување На Светскиот Ден На Здравата Храна

Одбележување На Светскиот Ден На Здравата Храна

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВАТА ХРАНА

Цели на оваа активност се:

  • Богатење на сензорецептиното искуство,развој на фината моторика како и стекнување на општи знаења.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Енциклопедија,интернет,постер со здрава исхрана,интернет конекција

По повод светскиот ден на здравата храна 16ти Октомври појдете со вашето дете на мала прошетка до најблискиот пазар и разговарајте дека се она што од овошје и зеленчук се продава на тезгите е здрава храна која може и треба да биде во секојдневното наше мени како извор на нашето здравје.

Купете од се по нешто како овошје така и зеленчук од кое можете да приготвите здрав ручек полн со витамини и минерали.
Додека купувате објаснувајте му на детето за одредениот вид на продукт со кој ќе ја полните вашата кошничка за престојната подготовка на здравиот ручек

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА