Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ЗДРАВА ХРАНА
Цели на оваа активност се:
- Негување на позитивен однос кон здравата храна,
- промоција на здрав начин на живот преку правилна исхрана,
- одбележување на Светскиот ден на здрава храна 16.10
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Овошје и зеленчук
Преку разговор со вашето дете поттикнете го да ви даде одговори на прашања поврзани зошто е потребно да се храниме здраво, напоменете дека има посебен ден каде што се истакнува секаде во светот значењето на здрава храна за човекот. Исто така наведете го детето да размислува дека храната одгледувана во домашни услови е најздрава за конзумирање. Направете мини проект во домашни услови каде во тегла ке засадите зрнест зеленчук или овошје (грав, семка од јаболко) и понатаму заедно со вашето дете набљудувајте го процесот на растење обезбедувајќи му ги потребните услови.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.