Крајот на декември во сите 5 објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел во подготовка на воспитниот кадар се одигра претставата “Писмо до Дедо Мраз”. Многу новогодишни песни, многу детски насмевки и пакетчињата од Дедо Мраз ја најавија Новата 2024 Година во нашата градинка. Најубави желби за сите посакаа дечињата и вработените во ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел.