15 ти мај Меѓународниот ден на семејствата одбележан во градинката “11 Октомври”-Бутел во Објект Бутел 1. Децата во дворот на градинката заедно со своите учителки, родители, градоначалникот на Општина Бутел и претставници на општинската администрација цртаа на тема Семејство користејки разни техники. Одбележувањето на овој ден ја нагласува важноста на семејството како основна единица во општеството, но и загриженоста за состјбата на семејствата низ целиот свет.
