По повод Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна на ден 13.11.2023 година (понеделник) во ЈОУДГ “11 Октомври” – Бутел РЕ Чаир се реализира настанот ”ГО САКАМ МОЈОТ ГРАД СКОПЈЕ”. Во салата на градинката вработените од воспитниот кадар ја изведоа претставата насловена “Го сакам мојот град Скопје” (двојазична) со тематика за градот Скопје и екологијата. Преку претставата вработените од воспитниот кадар им доловија на дечињата колку е важно да се грижиме за нашиот град Скопје и чистотата во него. Претставата траеше околу 15-20 минути и вооедно во истата интерактивно учествуваа децата кои отпееја две песнички на македонски и албански јазик со теми за градот Скопје. Потоа децата заедно со своите родители имаа прекрасна работилница, односно изработуваа разни макети-знаменитости од градот Скопје од рециклиран материјал.