На 13 и 14 мај во просториите на ЈОУДГ “11 Октоври”-Бутел се одржа обука на која беа присутни сите негователки и стручниот тим од установата. Споделени беа искуства, знаења, вештини и алатки корисни за воспитната пракса од страна на воспитувачките за колегијална поддршка
- Ениса Хасиќ
- Катерина Равојска
- Надица Лазова и
Модератори:
- Елмедина Велии Сејди
- Бисера Мециновиќ
- Жаклина Тасевска
Дводневната обука беше посветена на личниот и професионалниот развој на негователките во градинките.
Учество во обуката земаа и воспитувачките, негователките и директорката од Јоудг “Мило Мое” од Опшина Чучер Сандево.
Сериите обуки од Програмата за социо-емоционален развој се добри практики кои се одржуваат во континуитет за збогатување на професионалните искуства на воспитниот кадар во установите за згрижување на деца од предучилишна возраст.