Обработка На Детска Песна „Јаболче и Крувче„

Обработка На Детска Песна „Јаболче и Крувче„

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ОБРАБОТКА НА ДЕТСКА ПЕСНА „ ЈАБОЛЧЕ И КРУВЧЕ„

Цел на активноста

  • Изведување на движења на дадена музика.

Потребни материјали:

  • CD, CD плеер, Интернет пристап до Youtube.com.

Во овој период на раниот детски развој децата почнуваат да покажуваат особено интерес кон откривање на нови работи и имаат свој индивидуален пристап кон одредени нешта.

Со вашето дете разговарајте по слики за овошјето и за неговите придобивки за нашето здравје.

Со тоа поттикнете го детето да ви го именува овошјето кажувајќи боја, форма и големина на истото.

Потоа на детето пуштете му ја песничката која ја имаме одберено за овој ден „Јаболче и крувче“ во изведба на Марија Додовска.

Слушајте ја песничката неколку пати, заедно со вашето дете. Потоа обидетет се да изведете движења согласно со содржината на текстот.

Како предлог содржина можеме да ви понудиме слики за боење .

Се надевам дека ви се допадна нашата денешна активност.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.