Објект “Бутел -2“ се наоѓа на улицата Рокомија, б.б. населба Бутел 2. Објектот располага со 13 занимални, 3 канцеларии за воспитувачи, 3 административни канцеларии, една соба за хаусмајстор, четири тоалети за возрасни, осум детски тоалети, една канцеларија за одбрана, една соба за изолација, две чајни кујни, една котлара. Објектот е на сопствено парно греење.
- локација: ул. Рокомија б.б.
- населба: Бутел 2
- внатрешна површина: 1.840 м2
- дворна површина: 6.000 м2
- вкупна површина: 7.840 м2
Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат дворна површина која е добро одржувана и се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.
Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :
- прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
- утринска гимнастика
- појадок
- реализација на дневно планирање
- ужина
- реализација на дневно планирање
- прошетки, набљудување и престој на воздух
- ручек
- попладневен одмор – спиење
- ужина
- реализација на дневно планирање
- слободни игри
- средување на занимална
- заминување на децата
Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот
Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности
- утринска гимнастика
- појадок
- реализација на дневно планирање
- ужина
- реализација на дневно планирање
- прошетки , набљудување и престој на воздух
- ручек
- заминување на децата