Објект „Бутел 1“ – Бутел 1

Објект „Бутел 1“ – Бутел 1

Објект „Бутел – 1“, се наоѓа на улицата Натанаил Кучевишки, б.б. во населбата Бутел 1. Објектот располага со 8 занимални, 8 тоалети за деца, една канцеларија за воспитувачи, една административна канцеларија, една соба за изолација, две чајни кујни, една соба за хаусмајстор, четири тоалети за возрасни, една котлара. Објектот е на сопствено парно греење. Капацитетот на објектот е 160 деца. Објектот е предмет на реновирање.

  • локација: ул. Натанаил Кучевишки б.б.
  • населба: Бутел 1
  • внатрешна површина: 1.317 м2
  • дворна површина: 6.342 м2
  • вкупна површина: 7.659 м2

Внатрешниот простор ги задоволува стандардите за успешно изведување на воспитно-образовниот процес. Станува збор за негувана и стимулирачка средина која им помага на децата да се развијат во сигурни и независни личности. Во занималните постојат катчиња или центри за активност како тематски структуриран простор кои нуди можност да децата учат на најразлични начини и ги реализираат индивидуалните и групни цели на учење: литературен центар; математички центар; центар за игри со конструктивен материјал; научен/истражувачки центар; уметнички центар; центар за игри со улоги, драматизација, куклени претстави; центар за изложување на детски творби.
Градинките поседуваат дворна површина која е добро одржувана и се користи за остварување на програмските содржини но и за игра и рекреација на децата.

Градинката нуди целодневен и полудневен престој на деца.
Целодневен престој e од 6.00 – 18,00 часот и го следи следниот ориентациониот распоред на денот :

  • прием на децата и слободни активности (игри по избор на децата)
  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки, набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • попладневен одмор – спиење
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • слободни игри
  • средување на занимална
  • заминување на децата

Секоја возраст има свој ориентационен распоред на денот

Полудневен престој е од 6,00 – 13,00 часот и ориентационо го има следниот распоред:
прием на децата и слободни активности

  • утринска гимнастика
  • појадок
  • реализација на дневно планирање
  • ужина
  • реализација на дневно планирање
  • прошетки , набљудување и престој на воздух
  • ручек
  • заминување на децата