Новогодишна претстава за дочек на Новата 2022 година

Новогодишна претстава за дочек на Новата 2022 година

По повод престојните новогодишни празници во периодот од 20-24.12.2021 година во сите пет објекти на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел се одржа новогодишната представа “Во работилницата на Дедо Мраз”. Истата беше подготвена и реализирана од воспитно-образовниот кадар на градинката, а задоволството и среќата најдобро се гледаа на детските лица.