Почитувани родители,
за упис на ново дете кое е распоредено во група, потребно е:
- Досие за упис на дете во градинка (го набавувате во книжара;
- Пополнет образец (стр.2 од Досие за упис)– ПРИЈАВА ЗА УПИС ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА (дадена во прилог), кој образец го пополнува родител/стрател;
- Заверен образец (стр.3 од Досие за упис)– ПОДАТОЦИ ЗА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА НА ДЕТЕТО (даден во прилог), кој образец го пополнува и заверува матичен лекар;
- Негативни брисеви од грло и нос (не постари од 3 работни дена);
- Потврда од матичен лекар дека детето е здраво и може да посетува градинка;
- Вакцинален статус на детето;
Откако ќе ги пополните и заверите овие податоци и обрасци, потребно е да дојдете во административните простории на градинката, за склучување на Договор и плаќање на авансна уплатница (која се пребива при испис на Вашето дете, кој задолжително се врши во административните простории).