Нашата Улица

Нашата Улица

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

НАШАТА УЛИЦА

Цели на оваа активност се:

  • да се оспособи за користење различни материјали, алатки, инструменти,
  • Да се поттикнуваат одредени претстави и поими од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологија на комуникација.
  • Да се оспособи детето да сече со ножици.
  • Да се оспособи внимателно да ја поминува улицата во придружба на возрасна личност.

Стандарди:

  • Детето стекнува информации за средината преку набљудување и манипулација;
  • Детето може да воспостави контрола на движењето на дланките и прстите;
  • Детето може да препознае штетни и опасни ситуации.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • ролна од тоалетна хартија,
  • самолеплива хартија или колаж во црвена, жолта и зелена боја,
  • ножички и лепило.

Најпрво прашајте ги децата што гледаат на сликите, нека ги набљудуваат (гледаат автомобили, пешаци, улици, пешачки премин..).

Кажете им дека тоа е крстосница, а КРСТОСНИЦА Е вкрстување на две или повеќе улици. На неа има пешачки премин, сообраќајни знаци и СЕМАФОР. Семафорот е најголемиот сообраќаен знак. Прашајте ги децата колку бои има и кои се тие ? (три бои, црвена, жолта и зелена). Секоја боја на семафорот има свое значење:

Црвена – застани

Жолта – подготви се

Зелена – тргни

Семафорот го следат возачите, а и пешаците, тој покажува кога треба да поминат автомобилите и кога да застанат. На крстосница со семафори, улицата се преминува само кога свети зеленото светло. Откако ке им објасните за крстосницата и семафорот, можете да изработите семафор на многу едноставен начин. Ролната од тоалетната хартија обложете ја со самолеплива хартија или колаж. Потоа на црвената жолтата и зелената хартија нека нацртаат по едно кругче и кажете им да го изрежат (ако не можат сами помогнете им вие). А потоа дајте им ги да ги залепат на ролната, а вие внимавајте го редоследот на лепењето, најгоре на семафорот е црвена боја, на средина е жолтата и најдолу е зелената боја

Се надеваме дека уживавте во заедничките активности заедно со Вашите дечиња.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА