По повод престојниот празник 11 Октомври со низа активности од децата и воспитно-згрижувачкиот кадар на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел, беше одбележан 64 –ти патронат на установата.
Децата во дворот на градинката цртаа со креди во боја и сликаа со темпетни бои на штафелај согласно сите протоколи и мерки на претпазливост во моменталната ковид ситуација.
Воедно ја промовиравме химната на нашата градинка. Во знак на мултикултурализмот кој со години го негуваме во нашата општина, химната се изведува на два јазика.