Во градинката во Радишани се отвори првата најопремена сензорна просторија во Република Северна Македонија за деца со атипичен развој. На отворањето на оваа сензорна соба денеска присуствуваа градоначалникот Велимир Смилевски, градоначалникот Петре Шилегов и Санела Шкријељ, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика.
Во заедничка инвестиција со град Скопје од околу 1,5 милиони денари ја опремивме досега најдобрата сензорна просторија која ќе овозможи на децата со атипичен развој односно развојни задоцнувања што полесно да ги надминуваат потешкотиите.
На почеток ќе се примаат децата од градинката 11 Октомври и со нив ќе работи постоечкиот стручен кадар, а со зголемување на стручните лица ќе се прошири и опсегот на деца.
Општина Бутел во континуитет создава услови за подобрување на квалитетот на живот и на децата но и на семејствата.
Со почит,
ЈОУДГ „11 Октомври“ Бутел, Скопје.