МОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЈАТА ГОРДОСТ

МОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЈАТА ГОРДОСТ

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

МОЕТО СЕМЕЈСТВО МОЈАТА ГОРДОСТ

Цели на оваа активност се:

  • Поттикнување на чувство на припадност на семејството, воочување на сличности и разлики помеѓу членовите во семејството по однос на полот, надворешен изглед и социјални улоги кои ги реализираат, негување на позитивен емоционален однос кон членовите на семејството (чувство на припадност и меѓусебна доверба)

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Слики,
  • семејни фотографии,
  • листови,
  • боички

Активноста ја започнувате со разговор за семејството, кои членови го сочинуваат,да ги именуваат и опишат ликовите и нивните улоги во семејството. Објаснете им дека семејството е важно и дека треба да ги почитуваат членовите на семејството. Кажете им дека постои потесно семејство (татко, мајка, брат, сестра) и пошироко семејство ( дедо, баба). Додека разговарате разгледувајте семејни фотографии. Со ваша помош децата ги цртаат ликовите од семејството од најстар до најмлад.

Активноста ја завршувате со стихотворбата

Моето семејство

Во нашето семејство живеат пет члена,
Дедо, баба, мама, тато јас и Лена.

Мамичка и тато работат пет дена, мама е до пладне тато е на смена

Лена е во трето јас во градинка ете
дедо многу чита, баба готви плете.