На 06.11.2023 година во просториите на Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски”-Скопје се одржа работен состанок на кој присуствуваа Деканот на факултетот, неколку професори од истиот и дел од директорите на скопските основни училишта и предучилишни установи. Покрај размената на разни искуства и разните предлози за взаемна соработка, деканот на Педагошки факултет “Св.Климент Охридски”-Скопје проф. д-р Билјана Камчевска потпиша и Меморандум за соработка со претставниците на училиштата и градинките. Директорката на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел м-р Мими Зашовска исто така присуствуваше на работниот состанок и го потпиша Меморандумот за соработка со Педагошки факултет “Св.Климент Охридски”-Скопје. Со тоа Педагошкиот факултет се обврзува да ја промовира градинката како МОДЕЛ ГРАДИНКА и своите студенти да изведуваат волонтерски и практични активности во истата. На 16.11.2023 година група студенти од Педагошкиот факултет заедно со своите асистенти по физичко образовани еднаш неделно во текот на четири месеци ќе спроведуваат практични активности и вежби со дечињата од 2-6 годишна возраст во РЕ Ташко Караџа на ЈОУДГ “11 Октомври”-Бутел. Соработката ќе се одвива во континуитет каде придобивки ќе имаат и двете установи.