Мечето Медарче и Докторот Клукајдрвец

Мечето Медарче и Докторот Клукајдрвец

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

МЕЧЕТО МЕДАРЧЕ И ДОКТОРОТ КЛУКАЈДРВЕЦ

Цели на оваа активност се:

  • Оспособување за активно слушање,
  • елементарно оценување на карактеристиките на јунаците и вреднување на нивните постапки .

Потребен материјал:

  • СС: “Мечето Медарче и Докторот Клукајдрвец“,
  • компир,
  • темперна боја (кафеава),
  • сунѓер, хамер,
  • хартиени тањирчиња, боички, лепак.

Со вашето дете разговарајте за шумски животни – набројте неколку шумски животни , каде живеат , со што се хранат , како се огласуваат и сл. Потоа прочитајте им го текстот на приказната “ Мечето Медарче и Докторот Клукајдрвец “.

Разговарајте за приказната според дадените слики од приказната , поставете му прашања на вашето дете ( кој го болеше забот , кој го излечи забот на мечето , што многу јадело мечето и сл.)

Заедно со вашето дете од хамер и хартиени тањирчиња може да изработите мече , еве според дадениот пример:

Исто така со компир или сунѓер и темперна кафеава боја може да печатите шепи на мече според дадениот пример :

 

Уживајте во заедничките активности!

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА