Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски додели 40 лаптопи како и принтери за потребите на ЈОУДГ “11 Октомври”- Скопје.
Новата компјутерска опрема е наменета за сите групи во рамките на клоновите на детската установа, во насока на унапредување на наставата за предучилишна возраст.