Куклена Игра ”Доматко и Пиперко”

Куклена Игра ”Доматко и Пиперко”

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

КУКЛЕНА ИГРА ”ДОМАТКО И ПИПЕРКО”

Цел на активноста

  • Идентификација, именување и опис на видови зеленчук стекнување сознание дека зеленчукот се јаде, културни навики при пазарење и хигиенски навики пред употреба и неговата корист кај сите.

Потребен материјал:

  • Пиперка и домат

Активноста ја започнувате со разговор за зеленчукот, колку е здрав и корисен за јадење,дека зеленчукот е богат со витамини, го јадеме за да бидеме здрави, од него се прават вкусни јадења а и убави салати збогатени со многу витамини внесени по природен пат. Нагласете дека зеленчукот пред употреба убаво се мие.

Куклена игра „Доматко и пиперко“

Се сретнуваат доматот и пиперката и се претставуваат еден на друг. Доматот и кажува на пиперката дека е многу корисен го има во округла форма па и долгнавеста, дека на почетокот е зелен по боја но кога ке узрее е црвен или розев, многу е вкусен има киселкаст или благ вкус и дека е од голема корист кај сите деца и возрасни. Пиперката на тоа изреагирала и се пофалила дека има долгнавеста форма ја има во три бои зелена, жолта и црвена но дури ја има и во портокалова боја!!! Дека и таа е многу здрава полна со витамин Ц, се подготвува на разни начини но и дека освен што е блага таа може да биде и многу лута.
Им објаснувате дека кога ке се измешаат доматот и пиперката се добива вкусен кечап кој децата многу го сакаат но и се припремаат зимници „ајвар, лутеница, сос, разни салати и туршии“.

Секогаш охрабрувајте ги и мотивирајте ги децата.

Баба ми ми велеше

Вистина е права
Јади внучке зеленчук
За да бидеш здрава

Зелка морков салата
Јади секој ден
За да бидеш душилке здрава како дрен.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.