Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
КОМПИР ПЕЧАТ
Цели на оваа активност се:
- Запознавање и осознавање на децата со техниката компир печат како и развој на фината моторика и слобода во манипулирање со ликовен материјал.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- компир,
- боички,
- бел лист харија.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 3 до 4 години.
Разговарајте и запознајте ги децата со потребните материјали и подготовката на компирот за употреба во ликовни цели од негово сечење на половина и длабење на самата средина.
Дозволете децата сами да го обојат компирот при тоа користејќи широк спектар на бои. Откако ќе го обојат компирот на бел лист хартија децата стискаат со компирот така што ќе оставаат отпечаток од компирот кој ќе наликува на јајце. Постапката се повторува повеќе пати со различни компири се со цел добивање на што пошарени и повесели јајца односно отпечатоци од компир.
Со денешната активност децата можеа да научат нови работи и стекнат нови искуства како и да воспостават контрола на движење на дланките и прстите.
Се надеваме дека денешнава понудена активност ви се допадна .