Кокошкино Јајце

Кокошкино Јајце

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

КОКОШКИНО ЈАЈЦЕ

Цели на оваа активност се:

  • Воочување на својствата на јајцето преку манипулација во конкретни ситуации (јајцето се тркала, тркалезно е, бело, има лушпа,тврда е,се крши, јаде…)

Потребен материјал:

  • Варено јајце

Од кога веќе научивте дека кокошката ги снесува јајцата со детето сега позборувајте за јајцето и неговата форма облик и големина и зошто служи?

Сварете јајце ставете го на цвртса подлога за да може да го набљудувате заедно.
Преку зборување со детето воочете ја неговата состојба.
Тоа има тркалезна форма, по боја е бело, лушпата му е тврда од кога ќе ја скршиме и излупиме потоа можеме и да го изедеме .

Охрабрете го детето да го тркала по маса, да го допре скрши и со ваша помош да го излупите.
Потоа изедете го.

Добар апетит!

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА