Кои се домашни животни

Кои се домашни животни

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

KОИ СЕ ДОМАШНИ ЖИВОТНИ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со домашни животни (маче, куче, кокошка, овца, крава, коњ)

Потребен материјал:

  • Сликовница со домашни животни,
  • дрвена сложувалка со домашни животни (погодување на форма)

Набавете сликовница со домашни животни.

Седнете со вашето дете во омилениот дел од домот, онаму каде што тоа се чувствува најпријатно и разгледувајте ја сликовницата прелистувајќи ги страниците. Охрабрете го детето да ги прелистува самото. Додека ја разгледувате сликовницата прашувајте го детето на пр.”Каде му се ушите на мачето?” побарајте од него да Ви ги покажува деловите од телото а воедно и прашувајте како лае кучето, како мјаука мачето, дали кравата мука и сл. доколку не знае покажете му, а потоа заедно низ игра имитирајте ги звуците.
(ономатопеја имитација на звуци)

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА