Класификација На Зеленчук и Овошје

Класификација На Зеленчук и Овошје

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЗЕЛЕНЧУК И ОВОШЈЕ

Цел на активноста

  • Разбирање, објаснување и интерпретација на информации од претходно стекнатите знаења за зеленчукот и овошјето

Потребен материјал:

  • Хартија за црање и боење, сликички разни од овошје и зеленчук, ножички.

Заедно со детето разгледајте ги сликите на кои се преставени разни видови на зеленчук и овошје. Поттикнете го детето да го препознава и именува овошјето и зеленчукот. Нека ви ги опишува како изгледаат и нека ви наброи некои карактеристики кои ги знае за овошјето или зеленчукот.

Објаснете му на детето дека зеленчукот е еден вид, а овошјето е друг вид, на хранливи растенија.
Набројте му што се спаѓа во зеленчук а што во овошје.
За да може полесно да запомни посочете му дека од зеленчукот најчесто се готви ручек или зеленчукова салата. Овошјето пак се јаде неподготвено или пак како овошна салата, цеден сок, компот, мармелад…

Потребно е да имате исечени сликички од разни овошја и зеленчуци. (имате можност за принтање на сликичките на WEB)
За да може детето полесно да ги групира разните сликички (овошје и зеленчук) потребно е да назначите посебен симбол за зеленчук и посебен симбол за овошје.
(Пример: За зеленчук симбол може да ви биде пиперка или домат; симбол за овошје може да ви биде јаболко или круша.) Можете заедно со детето да си одберете и други симболи, по сопствен избор.
Залепете ги симболите на два посебни листа. Едниот лист да е за зеленчук а другиот лист да е за овошје.
Поттикнете го детето да ги подредува сликите на листот, така да одговара сликичката со дадениот симбол.
Доколку детето има потреба од помош за класификацијата насочувајте го со асоцијации и прашања кои ќе му помогнат полесно да класифицира.

Уживајте во заедничките активности .

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.