Класификација На Есенски Лисја (Големо-Мало)

Класификација На Есенски Лисја (Големо-Мало)

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕСЕНСКИ ЛИСЈА (ГОЛЕМО-МАЛО)

Цели на оваа активност се:

  • Развој на способности за Класификација и серијација на предметите (групирање по големина, форма и боја)
  • Самостојно ракување со ликовен материјал

Потребни материјали:

  • Есенски лисја
  • Бела хартија
  • Лепило
  • Пастелни боички
  • Илустрации
  • Принт боенка со листови

Активноста ја започнуваме низ разговор. Пожелно е за време на прошетка во природа да зборуваме за есента, што се случува со природата во есен. Какво е времето во есен? Какви се дрвјата, што се случува со листовите?
Каква им е бојата, зошто паѓаат, дали сите листови се исти или пак и имаат различна форма?
Во една кеса пожелно е да собереме повеќе видови на листови во различна боја, големина и форма.

Ги вадиме листовите од кесата и ги сортираме прво по нивната форма.
Во случај да ги немате лисјата може да ви послужи и следната илустрација
На неа децата можат да забележат дека формите можат да бидат најразлични.
Но целта ни е детето да научи дека во есен бојата им се менува но и дека можеме да ги сортира е по нивната големина.

Бараме од детето да ни го покаже најмалиот и најголемиот лист.

Потоа да ги подреди по големина од најмало до најголемо и обратно. Како на следната слика.

Можете да одберете некоја од овие две активности, која повеќе ви одговора.

  1. На еден обичен лист хартија со лепило детето само и секако со наша помош треба да направи цела низа лисја од најмало до најголемо.
  2. Нацртајте 4 квадрати со контури во различна боја според бојата која ја има на лисјата.
    Детето треба да залепи листови чија боја одговара со бојата на квадратот. Пример како на сликата подолу.

Активноста ја завршуваме со боење на листовите од принтот боенка кој можете да си го испринтате со пастелни бои по избор на детето да се обојат лисјата,или пак по ваша инструкција да му кажете на детето со која боја да ги обои малите листови,а со која големите, останатите нека бидат по избор на детето.

Верувам ќе придонесеме за развојот на спсобноста за размислување и збогатување на искуствата со нови знаења,вештини и учење кај децата.
Детето веќе треба да ја препознава формата, големината, бојата при практичната активности.
Најбитно е да ја знае релацијата големо-мало кај предметите во овој случај кај листовите.
Ви посакувам успешна активност,верувам дека интересот и задоволството при оваа активност кај децата ќе биде на високо ниво.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.