Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
„КАКОВ СУМ ЈАС, ТАКВИ СЕ МОИТЕ ИГРАЧКИ“
Цели на оваа активност се:
- развој на способноста за слушање и разбирање на литературната творба,
- препознавање на содржината во облик сличен на оној кој го слушнале
- групирање на предмети во групи користејќи ја релацијата пред-зад во однос на даден предмет.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Текст,
- кутија,
- играчки кои се сретнуваат во творбата.
Разговарајте со Вашето дете за неговите играчки: да ги опише како изгледаат неговите играчки, како се грижи за нив, која му е наомилена – како се вика и каде после играта со нив, треба да ги врати играчките.
По читањето на приказната поразговарајте со вашето дете во врска со текстот во вид на прашања и кратки одговори.
Предлог за игра во која вашето дете ќе стекне основни сознанија за математичките поими пред-зад може да го изведете на следниот начин:
-Земете една пластична кутија и побарајте од детето одредена играчка по ваша желба да ја стави пред кутијата, друга зад кутијата. Играта трае се додека има интерес кај детето.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.