Каде Се Птиците Во Паркот

Каде Се Птиците Во Паркот

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

КАДЕ СЕ ПТИЦИТЕ ВО ПАРКОТ

Цел на активноста

  • Набројување на типични претставници на птици (градба на тело, начин на исхрана, огласување, движење, живеалиште).

Потребни материјали:

  • Листови
  • Фломастери
  • Дрвени бои
  • Восочни бои

Активноста започнете ја со разговор со Вашето дете за птиците, како изгледаат ,со што се хранат, како се движат ,како се огласуваат , каде живеат.Акцент ставете на птиците во паркот за време на студените денови каде и како живеат во тие денови со што се хранат.

Откако ќе завршите со разговорот ако сте во можност направете една прошетка низ вашиот најблизок парк,или пак излезете на вашиот балкон,прозор, двор .Додека шетате набљудувајте ги птиците (врапче, гулаб,страчка, гавран).Додека набљудувате разговарајте со Вашето дете за птиците кои во студените денови остануваат во паркот , што треба ние да направиме за нив (да и направиме куќичка за птици и да им оставаме храна и вода за да можат да ја преживеат зимата) .

По прошетката понудетему на Вашето дете да изработи врапче оригами.
Со оглед на возраста на децата потребна е Вашата помош.
Откако ќе завршите со изработката на врапчето оригами истото тоа врапче со помош на фломастер, дрвени или пак восочни бои детето нека го обои по негова желба.

Постапката на изработка на врапче оригами ви е понудена во следниве подолу дадени видеа и слики.

Поттикнете го вашето дете да нацрта врапче ,или ако сте во можност испринтајте и понудете му на Вашето дете истото да го обои.

На крај можеме да научиме и една мала стихотворба.

Тажно врапче

Едно врапче мало
Цел ден трошки бара
Лета тажно цифка
Како да се кара.

Да се стопи снегот
Да си оди зима
Па на пролет храна
И за него ќе има.

Се надевам дека ќе уживате во заедничките активности , а Вашето дете ги збогати постоечките и се здоби со нови знаења за птиците

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.