“ЈАС СУМ ВЕСЕЛ – БОЈА ЗА МОЈАТА НАСМЕВКА“

“ЈАС СУМ ВЕСЕЛ – БОЈА ЗА МОЈАТА НАСМЕВКА“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

“ЈАС СУМ ВЕСЕЛ – БОЈА ЗА МОЈАТА НАСМЕВКА“

Цели на оваа активност се:

  • Поттикнување на развоја на природна љубопитност
  • Јакнење на координација око-рака
  • Идентификација на цртачкиот и ликовен материјал
  • Обид за правилно држење на боичка

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Огледало,
  • контура на огледало,
  • боички

Веселите и насмеани обравчиња кои ги гледавме во огледало со оваа активност обидете се денес преку ликовна игра”Боја за мојата насмевка “ истите да ги нацртате покажуваќи му како правилно се држи молив,боичка.
Насмевката цртајте ја по сопствен избор на огледалцето како рефлексија или на лист хартија каде ќе нацртате контура на огледало.

Доколку сеуште постои интерес со дете одиграјте и една кратка игра на координација и препознавање на себе си исто така во огледало. Поминувајќи покрај огледалото покажете на себе а потоа спонтано по пат на имитација побарајте и од детето да го стори истото.Незаборавајте ја насмевката ?

 

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА