„ЈАС СУМ ЈАС – МОЕТО ИМЕ МОЈОТ СИМБОЛ“

„ЈАС СУМ ЈАС – МОЕТО ИМЕ МОЈОТ СИМБОЛ“

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

 „ЈАС СУМ ЈАС – МОЕТО ИМЕ МОЈОТ СИМБОЛ“

Цели на оваа активност се:

  • Насочување и задршка на детското внимание
  • Препознавање и покажување на текст и слика во сликовница и сл.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Сликовници, апликации

Целта на оваа активност која може да биде спроведена во домашни услови со која ќе му помогнете воедно и научите своето дете да препознава и идентификува слика и текст е постојан развој и напредок во развој на поимот за себе како и идентификување на себе си воедно и разликување на текст од слика.

Одберете ја омилената сликовница и додека ја читате, посочувате на тоа каде има текст а каде е илустрацијата. Ние Ви ја нудиме повторно Снежана и седумте џуџиња особено делот на запознавање на Снежана со џуџињата. Поставувајте кратки прашања. Каде е Снежана? Кој е Лутко? Покажи ми ја куќата на џуџињата? Ви ја предлагаме оваа сликовница и со уште една цел. Џуџињата биле седум на Снежана и требало време да ги запамети имињата на сите нејзини јунаци па затоа заедно се договориле на секое нивно креветче и столче да стават слика или симбол соодветен за тој лик.

Истото направете го и Вие со вашето дете одберете заеднички симбол, лик и аплицирајте ја на место каде што ќе одберете детето. На креветчето, местото каде што стојат неговите играчки и слично.

 

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА