Јади Зеленчук За Да Бидеш Здрав

Јади Зеленчук За Да Бидеш Здрав

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

ЈАДИ ЗЕЛЕНЧУК ЗА ДА БИДЕШ ЗДРАВ

Цели на оваа активност се:

  • Запознавање со зеленчукот во есен,
  • придобивки од јадењето на зеленчук,
  • зошто е здраво да јадеме зеленчук,
  • поттикнување на изгрдаба на здрави навики на живот

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Сезонски зеленчук.

Започнете ја активноста преку разговор со вашето дете за тоа зошто е важно да го вклучиме зеленчукот во нашата секојдневна исхрана (бидеејќи е богат со витамини, а тоа ни помага за да бидеме здрави итн). Каков вид на зелечук се јаде во есен (зелка, пиперки, моркови, компир итн).

Потоа можете заедно со вашето дете да ја поттикнете креативноста и да направите декоративна чинија со зеленчук според примерите на сликите и на тој начин да имате здрав и вкусен оброк. Помогнете му на детето само да се обиде да состави некој лик или предмет од зеленчук, поттикнете го детето да ги каже карактеристиките на одреден зеченчук која боја е, каква форма има и каков вкус.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.