Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 3 до 4 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ЈАДИ ОВОШЈЕ ЌЕ БИДЕШ ЗДРАВ
Цели на оваа активност се:
- Идентификување, именување и опис на видови овошје, стекнување сознанија дека овошјето се јаде и хигенски навики пред употреба.
Стандарди:
- Децата можат да научат нови работи и стекнат нови искуства,
- Детето ги набљудува и опишува карактеристиките од живиот свет.
Активноста ја започнувате со разговор за овошјето,ги прашувате децата кои видови на овошје познаваат и да ги набројат (јаболка, круши, банани, грозје, сливи, цреши, лубеница, портокал, лимон и др). Со децата разговарате дека овошјето е здраво да се јаде, полно со витамини и пред употреба треба да го измиеме. Им кажувате дека освен што е здраво свежо да се јаде овошјето ни служи за правење на овошна салата, компот, сок, слатко, мармалад, го користиме за правење на торти и колачи, и овошен сладолед. Доколку имате овошје по дома покажете им и воочете разлика помеѓу овошјето (облик, боја, мирис, вкус, цврстина). Пожелно е да им покажете илустрации од видови овошје. Активноста ја завршувате со стихотворба за овошје.
Есенско овошје
Дуњи,круши,сливи
се радува Мите
повелете другарчиња
има за сите.
Полни се со витамини А,Б и Ц
цела чинија би изел
па дури и две.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА.