Јади Овошје Биди Здрав

Јади Овошје Биди Здрав

Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:

 ЈАДИ ОВОШЈЕ БИДИ ЗДРАВ

Цели на оваа активност се:

  • Идентификување, именување и опис на видови овошје,
  • стекнување на сознанија дека овошјето се јаде,
  • стекнување на културни навики за употреба како и
  • стекнување на навики за слушање на музика и ритам.

За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:

  • Енциклопедија,
  • интернет,
  • разновидно овошје,
  • интернет конекција,
  • цд плеер

Разговарајте со детето за важноста на овошјето, неговото значение и потребата од негова секојдневна конзумација.
За тоа колку витамини содржи во себе и низ разни симболики раскажувајте му дека сите омилени јунаци од цртаните и детските филмови за деца и сериите секојдневно се дружат со овошјето.

Заедно со детето направете овошна салата или декорирајте една чинија полна со здравје и витамини,која подоцна заедно ќе ја изедете.

Додека ја приготвувате овошната салата потикнете домашна забавна атмосфера и слушајте детски хитови препорачуваме да бидат со темата овошје пр. Јаболче и крувче од детскиот фестивал Златно славејче.

ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА