Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 4 до 6 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ИЗРАБОТКА НА ВЕЛИГДЕНСКИ КОРПИ
Цели на оваа активност се:
- Запознавање на значењето на празникот велигден,
- Активирање на детската фантазија,
- Стекнување сознание за функцијата на моторни вештини кај децата.
За реализација на оваа активност ќе ви биде потребно:
- Картонски влошки од јајца,
- Хартија во боја,
- Лепило,
- Ножички,
- Темперни бои,
- Најразлични апликации.
Опис на активноста која можете да ја реализирате заедно со вашите деца кои се на возраст од 4 до 6 години.
Заедно со детето најпрво земете картонска влошка од јајца. Потоа земате зелена хартија и сечете на ленти. Хартијата ја туткате.
Земате течен лепак и го нанесувате на хартијата во боја.
Картонската влошка обложете ја целата со хартијата во боја.
Во активноста покрај дадениот пример можете да изработите и корпи по сопствен избор. На дечињата може слободно да помогне и родител.
Велигденските корпи може да ги направите од прирачни средства кои ви се наоѓаат во вашите домови, а не ви се потребни. Во продолжение се примери на изработки.
Со реализацијата на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај детето.
Се развива и јакне ситната и крупната моторика, како и упорноста и истрајноста кај детето.
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности, а Вашето дете стекна сознанија за претстојниот христијански празник Велигден.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.