Врз основа на програмата за ран детски развој и планот на нашата градинка, за возрасна група деца 2 до 3 години, денес ја обработуваме темата со наслов:
ИЗРАБОТКА НА НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА
Цели на оваа активност се:
- Поттикнување на развој на сетилата, поставување основи за нивно користење.
- Поттикнување интерес кон истражување, манипулирање и користење на различни ликовни средства и материјали.
Потребен материјал:
- Картон во боја
- Хартија во боја
- Лепак
- Темперна боја
Активноста ја започнувате со разговор со Вашите дете за најубавиот период од годината, период од годината кој секој го сака а најмногу децата, а тоа е Нова Година (акцент ставаме на припремите за Нова Година, украсување, нашите желби упатени до Дедо Мраз, честитки).
Заедно со Вашите децата пеете новогодишна песничка играјте околу новогодишната елката.
Поттикнете ги Вашите деца да направите честитка за Дедо Мраз. Ги разгледувате и именувате боите и материјалите за работа. На картонот во боја превиткан на половина со Ваша помош децата лепат триаголна форма (елка) или лампион (кружна форма). Децата го потопуваат показалчето во темперната боја и печатат на означената форма што претходно ја залепивте.
Со реализација на овие активности ќе ја поттикнеме и развиеме љубопитноста и креативноста кај Вашите деца. Како и јакнење на фината моторика кај детето, истрајноста и упорноста. Развивање интерес за работа со темперни бои.
Се надеваме дека уживавте во заедничките активности а Вашето дете стекна сознанија за техниката печатење како и нов начин на употреба на своето прсте(показалче) со цел добивање на креативни изработки.
Во интерес на Вашето дете е да ги следите нашите објави.
ЗАЕДНО ДА УЧИМЕ НИЗ ИГРА