Градинката организира и спроведува исхрана за сите корисници на нашите услуги при што се почитуваат стандардите за детски градинки како и инструкциите од стручните институции кои се компетентни во оваа област.
Нудиме традиционален начин на исхрана со продукти од наше поднебје.
Храната се подготвува во централната кујна и се дистрибуира по останатите објекти. Транспортот на храна се врши во термос лонци и возило кое е исклучиво за таа намена. Централната кујна и кујните по објектите ги задоволуваат Хасап стандардите.
Сите лица кои ја спремаат, превезуваат, преземаат и ја сервираат храната двапати годишно подлежат на систематски санитарен преглед, а останатите еднаш годишно.
Во насока на одржување на квалитетот на продуктите, храната се обработува на следните начини: варење во вода, варење на пареа, печење во рерна.
Оброците се сервираат по следното:
- доручек – во 8.30 часот
- ужина – во 10.00 часот
- ручек – во 12.00 часот
- ужина – во 14.45 часот
Предвидени листи на оброци
Мени за исхрана
- Појадок: Макарони со изварка и чај
- Појадок за јасли: Макарони со изварка и чај
- Прва ужинка: Овошје или овошен сок
- Ручек: Вариво од леќа со просо и зеленчук (пиперки, морков, кромид), варено јајце и биолошки леб
- Ручек за јасли: Вариво од леќа со просо и зеленчук (пиперки, морков, кромид), варено јајце (блендирано) и биолошки леб
- Втора ужинка: Сутлијаш
Мени за исхрана
- Појадок: Биолошки леб со намаз од путер и мармалад со млеко
- Појадок за јасли: Бисквити со млеко
- Прва ужинка: Компот од суви сливи
- Ручек: Тава од ориз со пилешко месо и свежи печурки, биолошки леб и сезонска салата
- Ручек за јасли: Тава од ориз со пилешко месо и свежи печурки, (блендирано) биолошки леб и сезонска салата
- Втора ужинка: Лиснато пециво со сокче
Мени за исхрана
- Појадок: Намаз од риба туна, мајонез и јајце варено, и чај
- Појадок за јасли: Тарана со изварка
- Прва ужинка: Јаболко
- Прва ужинка во јасли: Печено јаболко
- Ручек: Грашок (боранија) со мелено месо, зеленчук, салата и биолошки леб
- Ручек за јасли: Грашок (боранија) со мелено месо, зеленчук, салата и биолошки леб (блендирано)
- Втора ужинка: Проја со спанаќ, урда и јогурт
Мени за исхрана
- Појадок: Чоко-мока со млеко
- Појадок за јасли: Крем од јајца со млеко
- Прва ужинка: Компот од суви сливи
- Ручек: Вариво од компир со зеленчук, биолошки леб и сезонска салата
- Ручек за јасли: Вариво од компир со зеленчук, биолошки леб и сезонска салата (блендирано)
- Втора ужинка: Лиснато тесто
Мени за исхрана
- Појадок: Намаз со павлака, варено јајце и чај од лимон
- Појадок за јасли: Палента со изварка и чај од лимон
- Прва ужинка: Сезонско овошје
- Ручек: Вариво од ориз со мелено месо, салата и биолошки леб
- Ручек за јасли: Вариво од ориз со мелено месо, салата и биолошки леб (блендирано)
- Втора ужинка: Редена торта од бисквити и пудинг
Наши заложби за исхрана се
-
Исхрана без присилба
учење на самостојно јадење преку охрабрување и чести повторувања без присилба
-
Уживање при исхраната
давање време на детето да заврши со јадењето – нема нудење да јаде со сила или да изеде се од чинијата затоа што сметаме дека јадењето треба да е уживање
-
Разновидна исхрана
поттикнување на детето за внес на различни видови хранливи продукти
-
Самостојност во исхраната
поттикнување на јадењето кај децата преку атрактивно сервирање и личен пример (детето учи од другите како се јаде)